Дома Фудбал Италија Алегри тренер на годината во Италија: Среќно на сите, само НЕ на Сари…

Алегри тренер на годината во Италија: Среќно на сите, само НЕ на Сари…

Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри ја доби наградата „Златна клупа“, која се доделува на најдобриот тренер во Серија А за претходната сезона.

Минатата сезона Јувентус ја освои дуплата круна и стигна до финалето во Лигата на шампиони. Алегри ја доби наградата пред Гасперини од Аталанта и Маурицио Сари од Напли.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Пред се би сакал да им се заблагодарам на своите играчи кои ме прават среќен. Наградата му ја посветувам на стручниот штаб, кој ми овозможи да бидам овде, но и на раководството кое ми дозволува да седам на така престижно место“, истакна Алегри.

„Им посакувам среќа на сите тренери до крајот на сезоната…Добро, на Маурицио Сари помалку среќа бидејќи Наполи е нашиот конкурент за титулата“, додаде Алегри.

„Старата дама“ моментално е лидер во СеријаА со еден бод повеќе од Наполи, а во ЛШ ќе игра во четвртфиналето против Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ова е новиот тренер на Реал Мадрид: Се чека само грешка на Чаби Алонсо

Чаби Алонсо, во случај на грешка против Алавес, би можел да добие отказ на позицијата трен…