Поранешниот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри за „ЕСПН“ даде едно интересно интервју.
Алегри призна дека е голем противник на технологијата која се користи во натпреварите. Исто така, откри и дека воопшто нема лаптоп.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ако се се дигитализира и направи механички тогаш повеќе нема да имате играчи кои мислат, туку роботи. Форсирањето на технологијата го расипува фудбалот. Имам „iPad“, но тој ми го купи Јувентус. На него ги гледам натпреварите и извлекувам статистики, меѓутоа не сум зависен. Имам добро памтење и така водам евиденција за се што се случува на натпреварот во одредени ситуации“.
Италијанецот порача дека еден тренер мора да се води по својот инстикт.
„Сите тие тактики, шеми, сето тоа е големо „ср*ње и треба да се поедностави пристапот и приказната за фудбалот и фудбалерите. Фудбалот не е знаење, фудбалот е уметност“, изјави 52 годишниот стратег.