Дома Трансфер зона Алегри сака две ѕвезди од Серија А

Алегри сака две ѕвезди од Серија А

После разочарувачката сезона управата на Јувентус реши да направи тренерска смена и на кормилото го врати Масимилиано Алегри.

Трофејниот стратег ова лето ќе прави реконструкција на тимот, а од раководството побарал неколку засилувања.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Италијанскиот „Тутоспорт“ утрово на својата насловна страница пренесува дека две имиња се приоритет за Алегри, а станува збор за Мануел Локатели и Душан Влаховиќ.

Локатели одигра фантастична сезона во Сасуоло, се промовираше во еден од најдобрите италијански играчи за врска, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Алегри смета дека ќе биде идеално засилување за средниот ред и сака да го донесе во Торино, а Сасуоло за неговата слобода бара 40 милиони евра.

Душан Влаховиќ оваа сезона „експлодира“ во дресот на Фиорентина и постигна 21 гол. Јувентус е во потрага по квалитетен напаѓач, а најголема желба на Алегри е токму Србинот.

Проблем може да претставува високата цена од 55 милиони евра која ја бара Фиорентина, но „бјанконерите“ ќе се обидат да ја исполнат желбата на тренерот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…