Дома Фудбал Италија Алегри потврди: Останувам во Јувентус!

Алегри потврди: Останувам во Јувентус!

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри стави крај на шпекулациите и потврди дека ќе остане во клубот и во наредната сезона.

„Сакам да останам, но мораме да седнеме и да поразговараме. Раководството ќе реши кога е вистинското време за разговор. Тоа сигурно нема да биде оваа недела. Сега сите мислиме само на Кардиф“, изјави Алегри.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Јувентус оваа сезона ја освои шестата титула во низа, триумфираше во Купот на Италија, а на 3.јуни го очекува финалниот меч во Лигата на шампионите.

„Со триумф во Кардиф ќе ја крунисаме нашата тригодишна работа. Мораме да се сконцентрираме на тој светски настан, кој според интересот на медиумите може да се спореди со американскиот Супербол“, заклучи Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Баерн го продолжи договорот со важниот офанзивец!

Фудбалерот на Баерн, Серж Гнабри, го продолжи договорот со клубот од Минхен до 30 јуни 202…