Дома Фудбал Италија Алегри и Ањели имале состанок до полноќ, каква е ситуацијата?

Алегри и Ањели имале состанок до полноќ, каква е ситуацијата?

Aњели разговарал со тренерот до доцна во ноќта. Идејата не ја променил, а изгледа дека нема многу опции.

Состанокот помеѓу Алегри и Ањели бил одржан вчера на тајна локација.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Како што јавуваат медиуми вечерата на претседателот и тренерот траела до полноќ Алегри го изнел своето гледање за завршената сезона во која ја освои осмата титула во низа, изгубен беше купот, а во Лигата на шампионите стигна до четвртфиналето.

Тој изнел идеи за тоа како тимот би требало да изгледа во наредната сезона, повторил дека парите не се проблем, но дека сака договор на три години за да започне нов циклус во клубот.

Ова значи дека ако Јувентус се согласи ќе следуваат големи промени во тимот, продажба на неколку играчи како Кансело, Дибала, Манџукиќ, Даглас Коста, Пјаниќ...На нивно место би биле доведени двајца нови стопери, еден квалитетен плејмејкер, еден крилен играч и напаѓач.

Остана клубот, односно Ањели да одлучи. Недвед и Партичи кои се блиски соработници на Ањели се за враќање на Конте, но таа опција изгледа отпадна затоа што претходникот на Алегри нема да чека.

Изгледа нема ништо ниту од Дешам кој се споменуваше како опција, тој ќе остане селектор на Франција, за Покетино не е познато какви се шансите, додека Гвардиола засега не е реална мета.

Како и да е ништо нема да биде одлучено во наредните четири дена. Јувентус го чека прослава на титулата на својот стадион во недела на вечер, Алегри побарал и женскиот тим на Јувентус кој исто така стана шампион да биде присутен.

Кога тоа ќе помине веројатно одлуката ќе биде соопштена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Роналдо има неколку големи желби кои сака да ги оствари пред да се пензионира

Иако има 39 години, Кристијано Роналдо не размислува за фудбалска пензија, а медиумите пиш…