Дома Фудбал Италија Алегри искрен: Роналдо може и на клупа!

Алегри искрен: Роналдо може и на клупа!

Шампионот на Италија со тешка победа над Киево, а сега го преча сериозен предизвик бидејќи на домашен терен го пречекува Лацио.

Тренерот на „старата дама“, Макс Алегри најави одредени промени во тимот и истакна дека има дилеми со составување на тимот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Ќе има неколку промени. Морам денес да донесам одлука за Матуиди бидејќи е во добра форма, иако подоцна се приклули со тимот. Денес ќе одлучам и за Пауло Дибала. Наскоро ќе играме натпревари на секои три дена и нормално е да има промени“, изјави Алегри.

Алегри изјави дека не треба да биде чудно и ако Роналдо на некои натпревари заврши на клупа.

„Роналдо е вистински шампион кој стигна до овде со огромна работа и жртва. Тој е вистински пример и го крена нивото на целиот тим. Може да се случи на некои натпревари да биде на клупа“, заклучи италијанскиот тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Кој замина од Манчестер јунајтед му тргна: Онана прогласен за играч на натпреварот на дебито во новиот клуб!

Андре Онана, голманот кој дo неодама беше често критикуван во Манчестер Јунајтед, во после…