Tимот на Јувентус поминува низ еден тежок период, а против Челзи оваа среда во Лигата на шампионите ќе го има можеби најтешкиот предизвик во сезоната.




Во овој натпревар Јувентус ќе влезе и тоа како ослабен. Паоло Дибала и Алваро Мората доживеаа повреди во вчерашниот натпревар против Сампдорија и сигурно ќе го пропуштат натпреварот во Лигата на шампионите.




Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Повредата на Дибала веројатно е потешка, веднаш почувствува дека му настрада мускулот, па во солзи го напушти теренот. Двајцата ќе поминат низ детални тестови пред да биде соопштено колку ќе отсуствуваат.




Се очекува против Челзи да ги заменат Кулушевски и Моис Кин, остатокот од екипата би требало да биде ист како во неделата.