Дома Фудбал Италија Албанските фудбалери во Италија ќе имаат статус на домашни

Албанските фудбалери во Италија ќе имаат статус на домашни

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Албанија, Арманд Дука, најави дека албанските фудбалери кои настапуваат во Италија од следната сезона ќе имаат статус на домашни играчи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Одлуката доаѓа како резултат на неодамнешната посета на албанскиот премиер Еди Рама во Италија. Во јануари Рама се сретна со претседателот на Фудбалскиот сојзу на Италија, Габриеле Гравина и договорот стартува почнувајќи од сезоната 2024/25.

Тоа значи дека од следната сезона играчите од Албанија нема да влегуваат во квотата на играчи кои доаѓаат од земјите кои се надвор од Европската унија, што ќе биде дополнително олеснување и за фудбалерите и за италијанските клубови.

Во Серија А во овој момент играат 13 фудбалери од Албанија и голем дел од нив имаат важна улога во своите тимови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Керик прифати потег кој го одбиваа Мурињо и Аморим

Манчестер Јунајтед наскоро ќе им покаже на навивачите ширум светот тоа што со години беше …