Дома Фудбал Германија Алармантно во Келн, ситуацијата речиси вонредна – Германците го уапсија човекот од кого најмногу се плашеа

Алармантно во Келн, ситуацијата речиси вонредна – Германците го уапсија човекот од кого најмногу се плашеа

Германската полиција не сака да дозволи индиценти пред вечерашниот дуел помеѓу Келн и Црвена Звезда.

Речиси сите медиуми во оваа земја вчера пренесоа информации дека се приведени осум навивачи на Црвена Звезда, а денеска се појави информација, се уште не потврдена од полицијата, дека меѓу уапсените е и Иван Богданов, човекот кој со денови пред натпреварот беше истакнат како најголема опасност.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Приведените навивачи не се спротиставија, а судот ќе одлучи дали ќе добијат прилика во живо да го следат натпреварот. Потсетуваме, во Келн се очекуваат околку 5.000 навивачи на црвено-белите, а само 2,300 ќе можат да влезат на стадионот со оглед на тоа што тој е бројот на влезниците кои беа доделени на српскиот клуб.

Ситуацијата во делот на градот каде што се наоѓа стадионот е речиси вонредна, повеќе од 2,000 членови на органите за спроведување ред и мир ќе го обезбедуваат овој натпревар, а дека ништо не е оставено на случајност говори фактот дека улилиштата кои се наоѓаат во близина на стадионот ќе ги завршат своите часови до 13 часот и ќе си добијат дозвола да си одат дома.

Натпреварот на програмата е вечерва од 19 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

„Бомба“: Реал размислува да го врати Каземиро

Реал Мадрид би можел да направи прилично изненадувачки потег на трансфер пазарот и да го в…