Српскиот интернационалец Сергеј Милинковиќ Савиќ и сезонава прикажува одлични настапи во дресот на Лацио, па сосема очекувано европските гиганти повторно покажуваат интерес за неговите услуги.




Долго време се шпекулира дека Јувентус е во пол-позиција за Савиќ, но денес пристигнуваат информации од Островот според кои Арсенал влегува во игра за неговиот потпис. Најавите се дека „топџиите“ се спремни да платат 60 милиони евра и во трансферот да го вклучат младиот, Алберт Самби Лонконга.




Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Договорот на Савиќ со Лацио во овој момент истекува во јуни 2024 година, Лацио сака да ја продолжи соработката и му нуди пет милиони евра по сезона, сепак јасно е дека ако се парите во прашање Арсенал може да понуди повеќе.




Оваа сезона Савиќ во Серија А има 11 натпревари, три гола и седум асистенции.