ПСЖ на крилјата на Нејмар одлично ја отвори сезоната во ЛШ и го прегази Селтик, но победата остана во сенка поради расправијата помеѓу Нејмар и 18-годишниот играч на домашните, Тони Ралстон.
Нејмар одби да му пружи рака на Ралстон поради тешките зборови за време на мечот, а таквиот потег на Бразилецот предизвика лавина коментари на социјалните мрежи.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Нејмар многумима веќе одамна го сметаат за голем „актер“ на теренот, а фудбалерот на Селтик му порача да се оглед на Меси.
„Глумата е дел од играта на Нејмар. Доколку некогаш сака да стане играч како Меси треба да престане со тоа“.
„Нејмар е навистина одличен фудбалер, но од него секогаш се очекува глума. Без тоа е меѓу најдобрите на светот и веројатно во моментов е најтешко да се чува Бразилецот“, изјави фудбалерот на Селтик.