Дома Фудбал „Ако Реал беше прв сезоната во Ла Лига немаше да продолжи“

„Ако Реал беше прв сезоната во Ла Лига немаше да продолжи“

Фудбалската сезона во Шпанија ќе продолжи на 13. јуни.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


После подолга пауза поради коронавирусот фудбалерите за две недели повторно ќе можат да се појават на терен, а до крајот на сезоната ќе гледаме трка за титулата помеѓу Барселона и Реал Мадрд.

Каталонците се со два бода пред Реал на 11 натпревари до крајот на сезоната и ни претстои голема трка.

Поранешниот претседател на Барселона Жоан Гаспарт (2000-2003) смета дека сезоната не би се продолжила ако Реал е прв на табелата.

„Ако Реал Мадрид беше прв пред прекинотн а сезоната, убеден сум дека сезоната не би се продолжила. Кон Барса нема голема почит и има многу кои се против клубот“, изјави Гаспарт.

Барселона во првиот натпревар од продолжување на првенството ќе гостува кај Мајорка додека Реал Мадрид ќе го пречека Еибар.  

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Одложен е почетокот на натпреварот помеѓу Струга и Шкендија Арачиново!

Уште два натпревари од првото коло во македонската Прва лига се играат денеска, но еден од…