Дома Македонски спорт Ако Македонија се пласира на ЕП ќе игра во Русија?

Ако Македонија се пласира на ЕП ќе игра во Русија?

Eвропската куќа на фудбалот размислува Европското првенство кое треба да се игра наредното лето да се игра во една земја поради пандемијата со коронавирусот.

Планирано беше ЕП да се игра во 12 различни земји, но „Ле Парисиен“ сега пишува дека постои опција во УЕФА да го променат планот и собирот на најдобрите репрезентации од стариот континент да биде одигран во Русија.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Причината поради која се размислува за вакво нешто е што играњето во различни земји може да доведе до масовна зараза на фудбалерите со што би се нарушила регуларноста на настанот. Идејата е движењето на играчите да се сведе на минимум.

Ќе потсетиме, Македонија како никогаш претходно има голема шанса да биде дел од Европското првенство и до такво нешто не делат само 90 минути, натпреварот со Грузија на 12. ноември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Леверкузен најде нов тренер – човекот кој разочара во Манчестер јунајтед

Чаби Алонсо следната недела ќе биде претставен како нов тренер на Реал Мадрид, а наскоро и…