Дома Фудбал Азар успешно опериран: Познато кога ќе биде спремен

Азар успешно опериран: Познато кога ќе биде спремен

Крилниот напаѓач на Реал Мадрид Еден Азар (29) во Далас го оперираше десниот зглоб и ќе паузира два до три месеци.

Тоа значи дека за најдобриот белгиски фудбалер клупската сезона е завршена, но веројатно ќе биде спремен за Европското првенство кое започнува на 12. јуни.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Азар минатото лето премина од Челзи во Реал Мадрид во трансфер вреден 100 милиони евра. Но, од доаѓањето во Реал констатно го следат повреди. Првпат се повреди уште на почетокот на шпанското првенство поради што паузираше еден месец. Потоа поради нова повреда пропушти три месеци, а последната повреда ја заработи на 22 февруари против Леванте.

Сезонава Азар одигра само 15 натпревари и постигна еден гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …