Ѕвездата на белгиската репрезентација Еден Азар изјави дека оваа генерација на Белгија е „златна“ и е убеден дека може да стигне до трофеј во Русија.
Белгиски тим, полн со супер-ѕвезди од европските првенства, како што се Еден Азар, Тибо Куртоа, Кевин де Брујн, Дрис Мертенс, Ромелу Лукаку.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англиската златна генерација од фудбалери не успеа да го покаже својот целосен потенцијал, но белгиската има шанса да осојува трофеи, убеден е Еден Азар.
„Златната генерација, кои вие во Англија ја имавте пред 10-15 години, не освои ништо. А сега мислам, и го кажуваме тоа на фановите, новинарите и на сите во Белгија, дека ние можеме да освоиме трофеј. Ние сме златната генерација на Белгија“, изјави Азар.
Белгија ќе игра токму против Англија во групата Г на 28 јуни, што е последниот меч од групната фаза. „Црвените ѓаволи“ го започнуваат Мундијалот на 18-ти јуни со Панама, по што ќе ги одмерат силите со Тунис.