Фудбалерите на Реал Мадрид во сабота го играат големото градско дерби против Атлетико Мадрид на „Ванда Метрополитано“ во рамките на седмото коло од Ла Лига.
Претходните сезони натпреварите помеѓу Реал и Атлетико претставуваа вистинско дерби, а сигурно и дека во сабота не чекаат многу возбудувања. За Еден Азар ова ќе биде прво градско дерби во Ла Лига и неговите намери се јасни. Имено, Белгијанецот пред овој натпревар изјави дека сака да постигне гол против Атлетико и едноставно да го победи својот поранешен соиграч од Челзи, Диего Коста.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Кога играте фудбал, тогаш знаете какви чувства и притисоци со себе носат овие натпревари. Градските дербиња секогаш се посебни натпревари. Еден град, два клуба и нивни навивачи. Сакам да постигнам гол и да ги израдувам навивачите. Диего Коста ми е пријател, но сакам да го победам“, изјави Азар.
Треба да се додаде дека Азар веќе имаше прилика да игра против Атлетико како играч на Реал. Тоа се случи во текот на подготовките за новата сезона кога Реал доживеа бламажа, бидејќи екипата на Симеоне ги победи со 7:3.