Дома Фудбал Останато Азар не може глава да крене – повторно се повреди!

Азар не може глава да крене – повторно се повреди!

Eден Азар не може глава да крене од повреди, а сега се здоби со повреда на мускулот во вчерашниот пораз на Белгија од Франција во Лигата на Нации.

Азар додека беше на теренот до 75. минута имаше солиден настап, но тогаш беше принуден да ја напушти играта. Фудбалерот на Реал Мадрид во моментот кога се повреди престана да трча откако ја додаде топката и се упати кон клупата.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Не знам што точно се случи, ќе видиме каков е степенот на повредата, можеби е некоја ситна повреда. Ќе знаеме после прегледите“, изјави Мартинез.

Белгиецот од кога дојде во Реал Мадрид мака мачи и повеќе е надвор од терените отколку што е на располагање на тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Диего Симеоне во чудо: Атлетико го заменува со поранешна ѕвезда на Барселона!

Поранешниот врзан играч и долгогодишна турска легенда Арда Туран може да се врати во редов…