Еден Азар изјави дека победата на Арсенал во финалето од Лига Европа би било прекрасен крај на неговата кариера во Челзи.
Белгискиот репрезентативец има договор со „сините“ на уште една година, но ова лето готово сигурно ќе го напушти „Стенфорд Бриџ“ и ќе се пресели во Реал Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Би било прекрасно да ја завршам мојата авантура во Челзи со овој трофеј. Ако ова е мојот последен меч за клубот, се надевам дека ќе завршам со трофејот во рацете“, изјави Азар.
„Утре играме финале, за мене, за клубот и навивачите тоа е многу важно. Кога играш финале едноставно сакаш да победиш, сакаш да го подигнеш трофејот и потоа да прославиш“, додаде Белгиецот.
„Во овој момент не можам да коментирам ништо конкрентно за мојата иднина. Се завиди од клубот. Јас мислам само на фудбал и сметам дека играв одлично оваа сезона. Ќе видиме што ќе се случи после финалето“, додаде Азар.
Eden Hazard has ❤️ his time at Stamford Bridge.
But what is your favourite Hazard moment, Chelsea fans? pic.twitter.com/PSbFt2YY2F
— Goal (@goal) May 27, 2019