На интернет се појави реклама на „Адидас“ во која Арсенал го претставува новиот дрес.
Видеото излезе во јавност пред 1-ви јули кога рекламата ќе биде официјално објавено бидејќи произведувачот на спортска опрема веројатно случајно ја постави на својот Јутуб канал.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
Набрзо таа беше избришана, но остана доволно долго за да се прошири.
Во одличната реклама легендата на Арсенал, Јан Рајт зборува дека не мораш да бидеш роден во Лондон за да станеш дел од таква култура. Обамејанг, Ивоби, Кошчиелни, Белерин и Озил исто така глумат во видеото каде што комуницираат со лондонски акцнет и така ја докажуваат теоријата на Рајт.
Арсенал со „Адидас“ потпиша договор на пет години вреден 300 милиони евра.