Дома Фудбал Англија Агуеро: Ова е најдобриот момент во кариерата!

Агуеро: Ова е најдобриот момент во кариерата!

Голгетерот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро истакна дека со години не се чувствувал така добро и дека е целосно рехабилитиран од повредата на коленото.

Агуеро го пропушти крајот на минатата сезона и се подложи на хируршка интервенција, за која вели дека била многу успешна.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


„Се чувствувам фантастично, не чувствувам никаков непријатност во коленото. Во последните неколку години на моменти чувствував болка во коленото и на крајот на минатата сезона решивме дека е време да преземеме мерки, а резултатите се многу добри“, изјави Агуеро.

„Не знам дали ова е мојот најдобар старт, но не сум се чувствувал толку добро со години. Тоа се гледа и во мојата игра. Сега предизвикот е да го одржувам ова ниво и ќе работам постојано, за да го направам тоа“, додде Аргентинецот.

30-годишниот напаѓач одлично ја започна новата сезона и постигна три гола во првите четири натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Халанд имал разговори со Реал, Пеп се налутил?

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, наводно побарал од својот фудбалер Ерлинг Халан…