Дома Фудбал Англија Агуеро испиша историја во Премиер лигата

Агуеро испиша историја во Премиер лигата

Напаѓачот на Манчестер сити, Серхио Агуеро, постигна три гола во убедливата победа над Астон Вила и со тоа испиша историја во Премиер лигата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Аргентинецот го собори рекордот на Тиери Анри и стана најдобар странски стрелец во историјата на Премиерлигата. На Агуеро му беа потребни 255 настапи за 177 погодоци, додека на Анри му требаа три меча повеќе.

Овој хет-трик беше 12-ти за Агуеро во првенството на Англија, што е рекорд во лигата. Агуеро го помина на вечната листа поранешниот напаѓач на Њукасл, Алан Ширер, кој постигна 11 хет-трикови.

„Многу сум среќен поради рекордот и сакам да им се заблагодарам на соиграчите. Сакам да продолжам да давам голови, но целата заслуга е на моите соиграчи“, истакна Агуеро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Тонали во Тотенхем за астрономска сума

Поливалентниот среден играч за врска Сандро Тонали е многу блиску да го напушти Њукасл ова…