Напаѓачот на Манчестер сити, Серхио Агуеро, постигна три гола во убедливата победа над Астон Вила и со тоа испиша историја во Премиер лигата.
Аргентинецот го собори рекордот на Тиери Анри и стана најдобар странски стрелец во историјата на Премиерлигата. На Агуеро му беа потребни 255 настапи за 177 погодоци, додека на Анри му требаа три меча повеќе.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Овој хет-трик беше 12-ти за Агуеро во првенството на Англија, што е рекорд во лигата. Агуеро го помина на вечната листа поранешниот напаѓач на Њукасл, Алан Ширер, кој постигна 11 хет-трикови.
„Многу сум среќен поради рекордот и сакам да им се заблагодарам на соиграчите. Сакам да продолжам да давам голови, но целата заслуга е на моите соиграчи“, истакна Агуеро.
Breaks Thierry Henry's Premier League goal record.
— Goal (@goal) January 12, 2020
Breaks Alan Shearer's Premier League hat-trick record.
⚽️28'
⚽️57'
⚽️81'
What a day for Sergio Aguero ?#AVLMCI pic.twitter.com/lsWhVGFqN8