Агентот на фудбалерот на Наполи, Жоржињо изјави дека никој од Манчестер Јунајтед не го контактирал за евентуален трансфер на италијанскиот репрезентативец на „Олд Трафорд“.
Тој, сепак, не негираше дека „црвените ѓаволи“ се заинтересирани за плејмејкерот кого Мурињо го сака како замена за Мајкл Карик.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Јасно е дека фудбалер кој игра во претендент за титулата во Италија и е дел од една од најсилните репрезентации, претставува интерес за многу клубови. Во последниве месеци три пати разговарав со спортскиот директор на Наполи Кристијано Џунтоли и тој не ми кажа ништо за понуди кон Жоржињо. Јас исто така не сум комуницирал со претставници на Манчестер Јунајтед“, изјави агентот Жоао Сантос.
Агентот потврди дека наскоро ќе започне преговори со Наполи за продолжување на актуелниот договор на Жоржињо.
Man Utd yet to make Jorginho contact, claims agent of Napoli star https://t.co/vpaKAa0d1K
— Glitovine (@Glitovine) March 19, 2018