Дома Топ вести Агентот потврди: Бејл се враќа во Тотенхем

Агентот потврди: Бејл се враќа во Тотенхем

Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви се обидува да го врати Герет Бејл во клубот и преговорите се во напредна фаза.

Во последните неколку денови се зборува дека Манчестер Јунајтед е блиску да го врати Бејл на Островот, а тоа само го активирало раководството на „спарси“ да започне преговори со Реал Мадрид.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Минатата недела имаше шпекулации дека „кралевите“ дури би прифатиле да платат половина од неговата плата ако замине на позајмица, па Тотенхем сака да го искористи тоа.

Имено, Тотенхем ќе се обиде да го донесе Бејл на двегодишна позајмица, односно до истекот на неговиот договор со Реал Мадрид, а тоа го потврди и агентот Џонатан Барнет.

„Герет го сака Тотенхем, преговорите се во тек. Тоа е местото каде што тој сака да биде“, изјави Барнет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…