Српскиот фудбалер Душан Тадиќ ја воодушеви фудбалската јавност со својот вчерашен настап против Реал Мадрид.
Тадиќ го одигра неговиот најдобар натпревар во кариерата и беше најзаслужен што Ајакс приреди сензација и го елиминираше Реал Мадрид од Лигата на шампионите. Овој 30 годишен фудбалер постигна еден гол и запиша две асистенции во победата од 1:4.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во редовите на Ајакс Тадиќ пристигна ова лето од Саутемптон што беше изненадување за многумина бидејќи српскиот фудбалер имаше неколку други понуди.
Италијанските клубови, Милан и Рома биле најголемите губитници во преговорите со Тадиќ. Двата клуба се откажале кога Тадиќ побарал нешто поголема плата која на крајот му ја понудил Ајакс и времето покажа дека тоа било полн погодок за него.
https://www.youtube.com/watch?v=5Xnyn0FAIXk&t=59s
„Кој знае што би се случило ако заминеше во Серија А. Можеби некогаш и ќе заигра во Италија. Минатото лето го сакаа Милан и Рома, преговаравме со него, но не ги исполнија нашите услови. Вчера им покажа на сите колку вреди и многу сум среќен поради него. Останатите клубови кои го сакаа сега сигурно се каат“, изјави агентот на Савиќ, Милош Маленовиќ.
Ајакс за Тадиќ плати сума од 12 милиони евра, а српскиот фудбалер потпиша договор од летото 2022 година, но не би било чудо некој клуб веќе ова лето да се одлучи да го доведе.
Оваа сезона зад своето име Тадиќ има 40 натпревари, 26 голови и 15 асистенции во сите натпреварувања.