Дома Фудбал Италија Агентот на Пандев: Трансферот го договоривме за два часа

Агентот на Пандев: Трансферот го договоривме за два часа

Горан Пандев на големо изненадување во последниот ден од преодниот рок ја напушти Џенова и се пресели во Парма, каде ќе игра до крајот на сезоната.

Неговиот агент Леонардо Корси изјави дека трансферот не бил планиран и дека идејата се родила на неколку часа пред затварањето на преодниот рок.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


„Идејата за трансфер се роди сосема случајно. Вчера околу 16:30 часот ми се јавија да ме прашаат дали може да го средиме трансферот. Ајде да пробаме, им реков. Успаевме за два часа да го комплетираме трансферот. И сето тоа преку телефон. Никогаш не сум договорил трансфер толку брзо“, изјави Корси.

„До вчера не помислуваше за заминување од Џенова, планираше да ја заврши кариерата таму и мислам дека кога ќе се пензионира, ќе продолжи да живее во Џенова. Меѓутоа, имаше многу промени, чувствуваше дека клубот сака да почне од нула со млади играчи. Во Парма ќе биде главен дел од проектот, ќе биде протагонист во вториот дел од сезоната. Парма има добар состав, клубот е сериозен“, додаде агентот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

УЕФА ги одреди судиите за натпреварот Македонија – Летонија

Фудбалската репрезентација на Македонија утре ќе го игра натпреварот против Летонија во ра…