Дома Фудбал Останато Агентот на Касиљас: Икер имаше среќа што ова му се случи на тренингот на Порто

Агентот на Касиљас: Икер имаше среќа што ова му се случи на тренингот на Порто

casillas

Легендарниот Икер Касиљас вчера претрпе срцев удар на тренингот на Порто. Шпанецот се огласи вечерта преку социјалните мрежи и порача дека се чуствува добро.

Агентот на Касиљас гостуваше во емисијата „Ел Партидазо“ каде што објасни што се случувало и порача дека ова било најголемата победа на Касиљас во неговиот живот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Кон средината на денешниот тренинг, Икер започна да се жали дека нешто не е во ред. Се жалеше на болки во градите, устата и рацете. Воопшто не беше свесен дека добива срцев удар“.

„Многу голема среќа имаше што сето тоа се случуваше на тренингот на Порто пред докторите на овој тим кои веднаш реагирале и превземале мерки пред да стигне во болница. Доколку вакво нешто доживеше дома не сакам ниту да помислам какви ќе беа последиците“, изјави агентот на Касиљас.

Потоа тој зборуваше за можноста Икер да се врати на теренот.

„Икер после настанот беше истиот, се шегуваше, беше весел и сакаше да ја напушти болницата. Тој е голем борец, зошто да не се врати на терените? Меѓутоа засега тоа не е приоритет, најважно е да биде целосно здрав“.

„За него ова е поголема победа од онаа на Светското првенство, ова е најголемиот триумф во неговиот живот“, заврши човекот кој се грижи за кариерата на легендарниот шпански голман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Карагер за изјавата на Салах: Разочаран сум од Мо, тој е себичен

Навивачите на Ливерпул беа загрижени поради изјавата на Мохамед Салах, кој рече дека во ов…