Дома Фудбал Италија Агентот на Заниоло ги разгоре шпекулациите

Агентот на Заниоло ги разгоре шпекулациите

Агентот на Николо Заниоло дополнително ги разгоре шпекулациите откако изјави дека не се водат преговори за продолжување на соработката со Рома.

22-годишниот талент е на мета на Јувентус, Тотенхем и Милан, а медиумите шпекулираат дека на лето ќе ја напушти Рома.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


„Што се однесува до евентуално продолжување на договорот со Рома сакам да бидам јасен дека во моментов не се започнати преговори. Николо е целосно фокусиран да ја заврши сезоната на најдобар можен начин. Рано е во моментов да се зборува за нов договор или за евентуален трансфер“, изјави агентот.

Наводно Мурињо веќе дал зелено светло за негова продажба, а споменатите клубови ја започнале битката за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шок на „Олд Трафорд“: Летното засилување има проблеми со срцето

Најмалку во следните два месеци, Нусар Мазрауи ќе биде надвор од терените откако му било о…