Барселона презеде конкретни чекори за ангажман на плејмејкерот на Челзи, Жоржињо, открива каталонски „Спорт“.




Барселона е во потрага по квалитетен играч за врска кој ќе може да го замени Серхио Бускетс, а прв на листата е токму италијанскиот репрезентативец.




ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Жоржињо има договорот со Челзи до крајот на сезоната и нема најави за негово продолжување.
Неговиот агент веќе пристигна во Барселона и ги започна преговорите со каталонскиот клуб.




Чави верува дека Жоржињо ќе биде идеална замена за Бускетс и одлично ќе се вклопи во неговиот стил на игра, а може да пристигне без обештетување.