Дома Трансфер зона Агентот на Ван де Бек: Ќе видиме што ќе се случи наредните недели

Агентот на Ван де Бек: Ќе видиме што ќе се случи наредните недели

Агентот на Дани ван де Бек изјави дека поради пандемијата со коронавирусот не знае каде неговиот клеинт ќе ја продолжи кариерата.

22-годишниот Холанѓанец блесна минатата сезона во дресот на Ајакс, Реал Мадрид беше блиску до договор на трансферот, но во трката се вклучи и Манчестер Јунајтед.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Засега никој не ја знае иднината на Дани. Да, интересот за него од многу клубови постои, но ќе видиме што ќе се случи следните недели. Ситуацијата во многу клубови се промени поради коронавирусот, па треба внимателно да ја набљудуваме ситуацијата“, изјави агентот на Ван де Бек.

Медиумите тврдеа дека Реал Мадрид начелно го имал договорено трансферот за 50 милиони евра, но може да се откажат поради финансиската ситуација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…