Дома Останати Тенис Агаси и Новак во второто коло

Агаси и Новак во второто коло

Под водство на новиот тренер, Новак Ѓоковиќ успешно стартуваше на Ролан Гарос.

Српскиот тенисер во првото коло за противник го имаше 77 тенисер во светот, Марсел Гранољерс, а иако не беше брилијантен сепак славеше во три сета, после двочасовна борба, 6:3, 6:4 и 6:2.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Најмногу осцилации беа видени во третиот сет, тука имавме вистинска ревија на брејкови. Новак четири пати освојуваше гејм на на сервис на ривалот, но и два пати губеше на свој сервис, правејќи грешки во одредени моменти.

Гранољерс денес тоа денес не успеа да го искористи, но сигурно дека Новак мора да ја подобри играта доколку сака поголем успех на овој турнир.

Противник на Србинот во наредното коло ќе му биде 59 тенисер во светот, Бразилецот, Жоао Соуза

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ју-Ес Опен жестоко го казни Медведев (Видео)

Поранешниот шампион на Ју-Ес Опен, Данил Медведев, е казнет поради недолично однесување за…