Дома Македонски спорт Мак ракомет Австрија лесно не победи и не испрати дома

Австрија лесно не победи и не испрати дома

Репрезентацијата на Македонија денес го заврши настапот на Европското првенство.

Австрија денес не потопи од самиот старт не ни даде шанса да се надеваме дека можеме нешто да направиме. Уште во првите минути Австријците поведоа со 4:1. Брзо се вративме на 4:4, но во продолжение предноста на Австрија само се зголемуваше и после првото полувреме домаќинот имаше предност од 18:12.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Во вториот дел следуваше уште полоша игра на нашите ракометари, па Австрија стигна и до двоцифрена предност.

Австријците во финишот од натпреварот ги штедеа силите за во наредниот круг, па ние само го ублаживме поразот.

Конечниот резултат на крајот гласеше 32:28.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…