Сопственикот на Челзи, Роман Абрамович, се наоѓа во големи проблеми бидејќи се уште не добил нова британска виза и не може да се врати во Лондон.
Британските власти не дозволија на рускиот тајкун влез во земјата откако визата се уште не му беше продолжена. Абрамович предаде барање за нова виза пред неколку недеели, но се уште нема можност да се врати во Лондон.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Од Англија порачаа дека неговата виза е на чекање додека не се провери како тој ги стекнал своите милијарди. Според пишувањата на англиските медиуми, Абрамович е многу загрижен поради оваа истрага, и одлучи да имигрира во Израел.
Како што се наведува, Абрамович одлучи да купи куќа во Тел Авив бидејќи судејќи по се, повеќе нема да се врати во Англија. Се уште не е јасно што ќе биде со Челзи, но сигурно е дека оваа ситуација ќе има лошо влијание за клубот од „Стемфорд Бриџ“.
Абрамович се одлучи за Израел бидејќи во минатото оствари добри односи со оваа земја, а дури донираше и преку 500 милиони долари за Евреите во Израел и Русија.