Дома Македонски спорт Абердин трет, Миовски на врвот на листата стрелци во Шкотска 🎥

Абердин трет, Миовски на врвот на листата стрелци во Шкотска 🎥

Репрезентативецот на Македонија, Бојан Миовски продолжува со одличните настапи во шкотската Премиер лига и дојде до врвот на листата на стрелци.

Миовски вчера донесе победа за Абердин против Данди (1:0). Натпреварот беше решен со голот на Македонецот од пенал во првото полувреме. Во вој момент Миовски е на делба на првата позиција на листата стрелци со 11 гола по 15 кола, исто колку што има и Хрватот Антонио Чолак од Ренџерс.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


За Абердин тоа беше осма победа и со 25 бода се наоѓа на третото место, пред четвртиот Ливингстон и зад гигантите Селтик и Ренџерс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…