Дома Трансфер зона Јувентус продолжува со шопингот во Баерн – на ред е Ренато Санчез!

Јувентус продолжува со шопингот во Баерн – на ред е Ренато Санчез!

Италијанскиот шампион Јувентус е сериозно заинтересиран за играчот за врска на Баерн Минхен, Ренато Санчез, пренесуваат италијанските медиуми.

Медиумите тврдат дека двата клуба веќе започнале преговори и дека Јувентус сака да го донесе Ренато Санчез на двегодишна позајмица со можност за целосен откуп на договорот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ова не е прв пат двата клуба да соработуваат на ваков начин, најпрво Квинсли Коман, а потоа Мехди Бенатија трансферираа со истата формула.

Ренато Санчез минатото лето пристигна во Баерн како големо засилување, но имаше лоша сезона па сака да ја промени средината во потрага по поголема минутажа.

Потсетуваме, Јувентус и Баерн исто така се блиску до договор со Даглас Коста кој во наредните денови треба да го комплетира трансферот во Торино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона пронајде засилување во Баерн, спремна да плати 70 милиони евра?

Поради тешката финансиска состојба, Барселона летово ќе биде принудена да продава играчи, …