Дома Трансфер зона Фиорентина негира: Немаме договор со Интер за Бернардески!

Фиорентина негира: Немаме договор со Интер за Бернардески!

Раководството на Фиорентина преку официјално соопштение ги негираше информациите за договор со Интер за продажба на Федерико Бернардески.

Неодамна се појавија информации во италијансите медиуми дека Интер и Фиорентина постигнале договор за трансфер на Бернардески кој ќе изнесува 40 милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа, „виолетовите“ велат дека имаат цврсти уверувања од фудбалерот дека тој сака да продолжи со својот развој на „Артемио Франки“.

„Фиорентина конкретно и официјално ги демантира дезинформациите дека клубот се договорил со Интер за трансфер на нашиот фудбалер Федерико Бернардески. Сакајќи да го заштитиме самиот фудбалер, но и нашите навивачи да ја знаат вистината, мораме да ги демантираме овие шпекулации и јавно да обзнаниме дека нема никаков договор со Интер“, се вели во соопштението на клубот од Фиренца.

23-годишниот италијански репрезентативец важи за еден од најталентираните фудбалери на Апенините, и за него покрај Интер интерес покажуваат уште Јувентус и Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го враќа Верати во Европа

Приоритет на Каталонците во летниот преоден рок ќе биде доведување на квалитетен играч за …