Дома Македонски спорт Мак фудбал Треневски: Динамо Минск е фаворит, но не се предаваме!

Треневски: Динамо Минск е фаворит, но не се предаваме!

Фудбалерите на Работнички утре ќе го одиграат првиот меч од второто квалификациско коло во Лига Европа и ќе го пречекаат белорускиот претставник Динамо Минск.

Тренерот на Работнички, Виктор Треневски вели дека Динамо Минск е фаворит, но очекува израмнет двомеч.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Во првото коло игравме против аматери, а во второто ќе играме против вистински професионалци. Динамо Минск организациски и финансиски е на нивото на нашите Вардар и Шкендија. Фаворити се во овој натпревар, но и ние имаме свои шанси за пласман во наредната рунда. Се надевам дека прашањето на победникот ќе се решава во реваншот“, изјави тренерот на Работнички, Виктор Треневски.

„Од тактички план играат со формација 3-4-3, можеби се фаворити, но и ние имаме свои планови што ќе се обидеме да ги реализираме во дела. Ќе играме без резерва до крај“, додаде Треневски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Миовски пресреќен: Наградите се доказ дека се правам од срце

Maкедонскиот напаѓач Бојан Миовски зад себе има одлична сезона во дресот на Абердин, клубо…