Дома Фудбал Италија Се огласи Раиола: Бевме приморани да донесеме ваква одлука, одговорноста е моја!

Се огласи Раиола: Бевме приморани да донесеме ваква одлука, одговорноста е моја!

Случајот Донарума е главна тема на Апенините, откако младиот голман одби да потпише нов договор од 5 милиони евра по сезона.

Целата италијанска јавност го осуди потегот на 18-годишниот голан и го прогласи за „платеник“ и „предавник“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Конечно после неколку дена се огласи неговиот агент Мино Раиола, која ја објасни својата верзија зошто дошло до прекин на преговорите помеѓу Донарума и Милан.

„Ситуацијата стана премногу насилна и непријателска, едноставно немаше излез од ова. Ние донесовме одлука која не сакавме да ја донесеме. Во ниту еден момент не стануваше збор за пари, добивме закани и Џиџо се преплаши. Не можете да задржите фудбалер ако му се заканувате да потпише нов договор“, вели Раиола.

„Тој беше подготвен да потпише нов договор, немаше сомнежи во неговите мисли. Но тие не примораа да ги прекинеме преговорите бидејќи брзаа да донесеме одлука. Јас ја превземам одговорноста 100%. Тие не примораа да го направиме ова. Милан е тој кој го загуби Донарума поради своите постапки. Тој ми кажа дека нема резон да се продолжи со преговори кога некој му се заканува и го навредува неговото семејство“, додаде агентот.

„Јас веќе гарантирав дека тој нема да замине како слободен играч, па немаше потреба да се брза со потпишувањето на договорот. Сакав само постепен пристап. Не се согласувам со Мирабели. Ние сме на сосема спротивни бранови должини. Она што тој го прави е блиску до мобинг. Сега постои голема веројатност Џиџо да остане една година на трибини, но се надевам дека ќе се најде решение“.

„Не сум зборувал со ниту еден голем клуб, немаме договор со друг клуб. Можам да ве уверам дека нема да има веднаш трансфер. Има многу заинтересирани клубови, но за тоа треба време“, заклучи Раиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Бомба“: Леао за 120 милиони во Премиер лигата

Манчестер Сити е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Милан, Рафаел Леао, пренесуваа…