Дома Фудбал Лига на шампиони Роналдо: Во финалето нема фаворит!

Роналдо: Во финалето нема фаворит!

Официјално најдобриот фудбалер во светот Кристиано Роналдо смета дека Реал и Јувентус имаат подеднакви шанси да го подигнат трофејот во Лигата на шампионите.

Во кратката изјава за „Л’Eкип“ Португалецот го прокоментира финалето во Кардиф.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ниту едно финале не е лесно. Ќе мораме добро да се спремиме и жестоко да се бориме. Мислам дека шансите се 50-50, но јас верувам во победа. Имаме одличен тим, тоа го покажуваме на секој натпревар, добро сме покриени на сите позиции и имаме квалитет да ја освоиме Лигата на шампионите“, изјави Роналдо.

Овие два тима прв пат и последен за титулата шампион на Европа се бореа во 1998 година кога Предраг Мијатовиќ донесе победа за „кралевите“. Реал после оваа победа над Јувентус уште четири пати го освои ова натпреварување.

Интересно е што шпанскиот гигант од 14 финалиња славеше на 11, додека Јуве од 8 финални средби славеше само на две.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…