Дома Фудбал Останато По Мбапе уште еден играч на Монако посака преселба во Париз

По Мбапе уште еден играч на Монако посака преселба во Париз

По Килијан Мбапе уште еден играч на Монако сака да премине во редовите на ПСЖ.

Фудбалерот на Монако, Фабињо подготвен е да ургира кај управата на клубот да го пушти да замине во Париз.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што се наведува, Фабињо е незаодовлен што клубот не ги слушнал понудите за него, додека на останатите им било дозволено да заминат за одредена договорена сума.

Манчестер Јунајтед долго го посакуваше Бразилецот, но потоа се насочи кон Матиќ и не погреши.

Фабињо одлучи да закаже итен состанок со челниците на клубот и да побара да го пуштат да замине во ПСЖ во случај на вистинска понуда, која впрочем и се наоѓа на маса.

Се уште не е познато колку ПСЖ е спремен да понуди, односно колку уште може со оглед на тоа дека веќе потроши 222 милиони евра за Нејмар, а планира и да инвестира во пристигнувањето на Мбапе, кој исто така реши да се пресели во Париз и да ги одбие Реал, Ливерпул и Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Официјално: Арапите и ФИФА потпишаа договор

Саудискиот нафтен гигант „Арамко“ ќе стане главен глобален партнер на Меѓународната фудбал…