Дома Фудбал Победи на Барса и Реал, „кралевите“ на чекор од титула

Победи на Барса и Реал, „кралевите“ на чекор од титула

Барселона и Реал Мадрид останаа израмнети на врвот на табелата, но „кралевите“ имаат натпревар помалку…

Клубот од Андалузија пружи достоен отпор, но квалитетот на Зидан беше пресуден.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал славеше со 4:1 и доколку победи против Виго и Малага тие ќе бидат новите шампиони на Шпанија.

Реал до водство дојде преку Начо Фернандез, а на 2:0 зголеми Кристиано Роналдо кон средината на полувремето. Гостите во првиот дел и немаа среќа Кореа и Јоветиќ ја погодуваа рамката на голот, па токму тоа е причината што домакините на полувреме заминаа со одлична предност.

На почетокот на вториот гол Стеван Јоветиќ со убав погодок намали на 2:1, сепак Роналдо со својот втор гол и Тони Крос ја запечатија судбината на гостите.

Подеднакво убедлива беше и Барса која со 4:1 славеше против Лас Палмас, а натпреварот го обележи Нејмар кој постигна хет трик и еднаш му асистираше на Суарез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Спектакл на повидок: Мбапе против Болт на 100 метри!

Килијан Мбапе преку изјава во француските медиуми изјави дека е подготвен да го прифати пр…