Малку е познато дека Нејмар во 2011 година, додека настапуваше во Сантос, одбил да се пресели во Реал Мадрид.
Бразилецот тогаш беше талент кого го посакуваа готово сите европски клубови, а денес е најскап фудбалер во светот кој ова лето направи трансфер вреден 222 милиони евра.
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Нејмар беше на мета на двата гиганти од Шпанија, кои по секоја цена сакаа да го доведат бразилското „чудо од дете“ во своиет редови. На крајот Каталонците победија во трката и во 2013 година Нејмар пристигна на „Камп Ноу“ за само 49 милиони фунти, иако конечната цена беше поголема.
Сепак, неговиот пат можел да биде сосема поинаков, бидејќи во 2011 година Реал Мадрид бил многу блиску до добедување на тогаш 19-годишниот талент од Сантос. Меѓутоа неговиот трансфер во Мадрид бил блокиран и тоа поради смешна причина.
Тогашниот претседател на Сантос, Луис Алваро Рибериро изјави дека ставот на Мурињо, тогаш тренер на Реал, бил дека имиџот на Нејмар е непримерен за клуб како Реал Мадрид.
„Однесувањето на тренерот на Реал беше арогантно и жалосно, а неговиот став беше диктаторски. Го убедив Нејмар да остане така што му реков дека Мурињо ќе го присики да ја промени фризурата. Трансферот пропадна поради имиџот кој го има Нејмар“, откри Рибеиро.