Манчестер сити и Евертон одиграа 1:1 во 18. коло на Премиер лигата. Двете екипи освоија по еден бод откако натпреварот заврши со нерешен резултат од 1:1.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
За домаќините погоди Бернардо Силва, додека за гостите стрелец беше Ндиаје. Во 51. минута Витали Миколенко направи прекршок врз Савињо, кој резултираше со пенал, а две минути подоцна Ерлинг Халанд се обиде да го претвори во гол.
На несреќа на домашните навивачи, Џордан Пикфорд го одбрани ударот. Во продолжението на акцијата Норвежанецот постигна гол, но од недозволена позиција па резултатот остана 1:1. Англискиот голман почна да прави гримаси пред пеналот на Халанд за да му ја одземе концентрацијата на противникот и се чини дека успеа.
.Pickford & Haaland 😂 pic.twitter.com/mVU0XaOR7W
— Ibrahim (@ik4662) December 26, 2024