Дома Фудбал Во Барселона сите го чекаат расплетот на ситуацијата, а Олмо порачува: Го исполнив сонот!

Во Барселона сите го чекаат расплетот на ситуацијата, а Олмо порачува: Го исполнив сонот!

Барселона има уште само неколку дена да го регистрира Дани Олмо за втората половина од сезоната. Датумот до кој мора да најде начин да обезбеди средства за да 26-годишниот играч од средината настапува до крајот на сезоната се поклопува со крајот на годината, инаку од 1 јануари ќе стане слободен играч. Сепак Олмо не се грижи премногу околу тоа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Освојувачот на европското злато со репрезентацијата на Шпанија им се приклучи на Барселона во летниот преоден рок, откако за неговиот трансфер беа издвоени 55 милиони евра. Според некои информации, тоа е износот на трансферот со вклучени бонуси, според други, фиксна отштета на која само треба да се додадат бонусите. Тој износ ќе расте ако Олмо има право да настапува за неа.

“Ова беше многу посебна година за мене, но тоа е само почеток. Чувствувам дека уште многу ми претстои. Сакам титули со Барселона и со Шпанија”, вели Олмо, кој го избра враќањето во Барселона пред некои други опции.

“Не се двоумев кога се јави Барселона. Дојден сум тука, каде што ми е семејството и каде што се ми пријателите, беше сон кој можеше да стане реалност”, додаде тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Феран Торес веднаш по финалето доби доказ колку еден гол може сè да промени

Феран Торес стана херој на Шпанија откако постигна гол во финалето на Светското првенство …