Дома Фудбал Германија Ноер за трансферот во Сити: Гвардиола го има мојот број на телефон!

Ноер за трансферот во Сити: Гвардиола го има мојот број на телефон!

noer

Еден од најдобрите голмани на планетава, Мануел Ноер зборуваше за евентуалното заминување од Баерн Минхен и промена на средината.

Англиските медиуми пишуваат дека Пеп Гвардиола е заинтересиран за неговите услуги, но Ноер тврди дека е среќен во Баерн и не размислува за трансфер.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Не, не постои никаков контакт помеѓу мене и Гвардиола во овој момент што се однесува до трансферот. Всушност, јас сум среќен и задоволен што потпишав нов договор со Баерн“, истакна германскиот голман.

Сепак, Ноер истакна дека му годи што медиумите го пиврзуваат со трансфер во Премир лигата.

„Драго ми е што има шпекулации и што се зборува за тоа. Пеп и понатаму го има мојот број на телефон, но не ми се јавил, така да се е во ред“, истакна Ноер.

Гвардиола минатото лето во Манчестер Сити го донесе Клаудио Браво, но Чилеанецот не се покажа како добар погодок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

„Влаховиќ е ниво на Халанд, но во Јувентус има друг проблем“

Иако, е често критикуван оваа сезона, Душан Влаховиќ е втор најдобар стрелец во Серија А с…