Дома Трансфер зона Ништо повеќе нема да биде исто: Тотенхем со 750 милиони прави „хаос“

Ништо повеќе нема да биде исто: Тотенхем со 750 милиони прави „хаос“

Тотенхем веќе неколку сезони игра одлично, а оваа сезона само само продолжи таму каде што застана минатата. „Спарси“ без големи ѕвезди и скапи засилувања бележат одлични резултати.

Тотенхем ја одигра последната сезона на „Вајт Харт Лејн“, од ова лето следеше привремена селидба на „Вембли“, но „спарси“ веќе почнаа да градат свој сопствен стадион.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


750 милиони фунти е износот кој во целост ќе ги промени фудбалските прилики на Островот. „Петлите“ нема повеќе да бидат само симпатичен клуб од Лондон, туку моќна машинерија која ќе се вклучи во трката со најбогатите клубови од Премиер лигата.

Англиските медиуми пресметаа дека за само неколку години Тотенхем ќе го врати поголемиот износ од вложените средства. Новиот стадион ќе има поголем капацитет, поскапи сезонски билети, но и многу други содржини кои ќе ги нуди овој објект. На трибините ќе можат да се сместат 61.000 луѓе, па Тотенхем ќе биде рамо до рамо со најголемите клубови.

Новиот стадион на Тотнхем ќе му овозможи во наредните години двојно поголеми приходи, а тоа автоматски значи градење на многу поконкурентен тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер го сака дефанзивецот на Манчестер Јунајтед

Приоритет на Интер во летниот преоден рок ќе биде доведување на дефанзивец, пренесуваат ит…