Дома Топ вести Никој не може да го убеди – Роналдо го одби и Зидан, ова се најдобрите опции!

Никој не може да го убеди – Роналдо го одби и Зидан, ова се најдобрите опции!

Ситуацијата околу Роналдо се развива брзо.

Првата стратегија на Реал беше, Зинедин Зидан, да го убеди Португалецот, но Роналдо не го менува своето мислење.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се појави и информација дека Роналдо очекува Реал да го плати данокот, но тоа се само шпекулации. Самиот играч тоа не го спомена никаде, бидејќи тој не сака да го плати данокот воопшто, ниту тој, ниту било кој друг. Практично така тој би го признал затајувањето, а Португалецот такво нешто жестоко демантира.

„Кралевите“ ако веќе мораат да го продадат ќе се обидат да ја изберат најдобрата опција.

Наводно Реал добил понуда од Јунајтед која изнесувала 205 милиони евра и Давид Де Геа во замена за Мората и Роналдо, што во никој случај не звучи лошо за шпанскиот клуб.

Мурињо испрати „монструозна“ понуда: Роналдо и Мората во пакет на „Олд Трафорд“!

Втората опција е Челзи. Англискиот клуб би можел да го вклучи Еден Хазард, но засега тоа не е потврдено, а и прашање е колку Роналдо би се согласил да го облече дресот на „Сините“.

Третата опција е ПСЖ, Мендеш, смета дека ова најреалната и најдобрата опција за Кристиано. Имено, тој би заработувал 30 милиони евра по сезона, би играл во клуб кој има огромни амбиции и каде што ќе биде најголема ѕвезда. Не треба ниту да се заборави дека тоа е град на Португалци. Сепак, според пишувањето на „Ас“ во оваа ситуација проблем е оштетата, ПСЖ е спремен да плати најмногу 140 милиони евра, што е многу помалку од она што го бараат „кралевите“.

Дали Верати би можел да биде „мамецот“? Тешко, тој ја избра Барселона, а и Зидан веќе има формирано фантастичен среден ред.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Спектакл на повидок: Мбапе против Болт на 100 метри!

Килијан Мбапе преку изјава во француските медиуми изјави дека е подготвен да го прифати пр…