Дома Топ вести Мурињо купува уште тројца за 130 милиони и ја напаѓа титулата!

Мурињо купува уште тројца за 130 милиони и ја напаѓа титулата!

Планот на Мурињо е јасен – сака да донесе уште три засилувања на „Олд Трафорд“ и да направи тим кој ќе може да ја нападне титулата во Премиер лигата.

Мурињо е задоволен од двете засилувања, Виктор Линделоф и Ромелу Лукаку, но сака да донесе уште еден крилен фудбалер, дефанзивен играч за врска и десен бек.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англиските медиуми пренесуваат дека главна мета на десната бековска позиција е Серж Орие, додека Иван Перишиќ би требало да биде очекуваното засилување на крило.

Што се однесува до играчот за врска најголема желба на Жозе Мурињо е Немања Матиќ од Челзи. „Црвените ѓаволи“ немаат проблем да ги платат бараните 45 милиони евра, но проблем е што „сините“ не сакаат да го пуштат фудбалерот на директен конкурент.

Доколку успее да го договори овие три засилувања до крајот на преоднио рок, Муроњо верува дека ќе има тим кој ќе биде спремен да се бори за титулата во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Најави ли Тухел со оваа изјава враќање во Премиер лигата?!

Томас Тухел вечерва игра решавачки натпревар на клупата на Баерн Минхен, но многу се пишув…