Дома Трансфер зона Мората 10 милиони го делат од трансфер во…

Мората 10 милиони го делат од трансфер во…

Како што пишува британскиот Телеграф, Алваро Мората ги постигнал личните услови со Манчестер Јунајтед.

Според овој извор, Алваро Мората се согласил да се пресели на „Олд Трафорд“ и сега преостанува само да се договорат клубовите за висината на надоместокот. Реал ја одбил првата понуда од Јунајтед од 60 милиони евра, но англискиот клуб се надева дека новата понуда од десет милиони повеќе ќе биде доволна.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мората на своите најблиски пријатели им соопштил дека би сакал следната сезона повторно да работи со Жозе Мурињо и дека доволната минутажа во Премиер лигата би му донела и место во репрезентацијата на следното Светско првенство.

Неговиот агент, Хуанма Лопез изјави дека Мората мора да пронајде клуб каде што ќе биде првотимец, бидејќи минатата сезона во Реал започна само 14 натпревари.

„Тој не сака повторно да мине низ таква сезона. Тоа беше одлична сезона, но тој сака да игра повеќе. Алваро е играч кој сака да има важна улога, сака повеќе да игра. Тоа е нормално за напаѓач кој постигнал 19 гола. Тоа не е доволно“, изјаи Лопез.

Шпанецот би требало да биде замена за Златан Ибрахимовиќ, на кого нема да му биде понуден нов договор поради тешката повреда не коленото. Тоа значи дека Мората го чека првото место напаѓач во Манчестер Јунајтед и бројот девет на грбот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го доведе како големо засилување, а сега неговиот агент вели: Чави воопшто не зборува со него!

Витор Роке не е среќен во Барселона, а неговиот агент Андреа Кари ја потврди ситуацијата в…