Дома Видео Контроверзен лекар: Ја прекина операцијата за да ги гледа пеналите меѓу Чиле и Португалија

Контроверзен лекар: Ја прекина операцијата за да ги гледа пеналите меѓу Чиле и Португалија

Чиле на пенали ја совлада репрезентацијата на Португалија во полуфиналниот дуел на Купот на конфедерациите, а еден чилеански хирург стана хит на денот токму поради изведувањето на пеналите.

На интернет кружи видеото снимено во една болница, на кое хирургот, за време на изведување на оперативен зафат, го следеше изведувањето на пеналите. Кога Клаудио Браво одбрани и трет пенал и му донесе финале на Чиле, почна прославата и за време на операцијата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Не е познато за каква операција станува збор, каде е направена, ниту каков бил исходот (се надеваме завршила во најдобар ред), но Mirror пренесува дека лекарскиот тим кој ја вршел операцијата го очекува истрага.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Уште еден доказ колку Јокиќ е моќен: Погледнете што му направи на Леброн 🎥

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ игра во одлична форма, а уште еден доказ за тоа видовме изм…